Дваесет и едногодишниот, Никола Саздовски кој беше нападнат на 29-ти јуни им подлегнал на повредите откако неколку дена беше во кома – соопштија од КАРИЛ.
Според информациите од МВР, момчето било нападнато од три непознати машки лица на 29-јуни во периодот од д 17:30 до 17:40 часот на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“. Напаѓачите излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“, а по нападот го напуштиле местото на настанот.
Двајца од напаѓачите беа уапсени уште истата вечер и за нив беше одредена мерка притвор.