Петтина од излечените од Ковид 19 ќе имаат психички проблеми велат истражувачите од Универзитетот во Оксфорд – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 3:45 PM

Петтина од излечените од Ковид 19 ќе имаат психички проблеми велат истражувачите од Универзитетот во Оксфорд

Една петтина од пациентите кои се опоравиле од коронавирусот имаат поголема веројатност да развијат ментална болест, велат истражувачите од Универзитетот во Оксфорд, откако голема студија открила дека 20 проценти од заразените развиле проблеми со менталното здравје во рок од три месеци.

Најчести нарушувања беа анксиозност, депресија и несоница, сепак, истражувачите откриле и поголем ризик од деменција, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

„Луѓето се загрижени дека излекуваните пациенти со корона имаат поголем ризик да добијат ментална болест, а нашето истражување покажа нешто слично“, рече Пол Харисон, професор по психијатрија на Универзитетот во Оксфорд.

Анализирани податоци 69 милиони луѓе

Лекарите и научниците ширум светот се обидуваат што побрзо да ги утврдат причините за менталните нарушувања и да најдат специфичен третман за лекување на психата по заздравувањето од короната, додаде Харисон.

„Здравствените служби мора да посветат посебно внимание, особено затоа што нашето истражување за бројот на ментални нарушувања ќе се земат за резерва“, рече тој.

Студијата, објавена во „Лансет психијатрија“, електронски анализирала податоци од 69 милиони луѓе во САД, вклучувајќи 62.000 заразени со короната.

Три месеци откако биле позитивни на коронавирусот, секој петти излечен имал ментални проблеми за прв пат во животот, како што се анксиозност, депресија или несоница.

Студијата исто така открила дека луѓето кои имале ментални здравствени проблеми пред да бидат заразени со корона имаат 65 проценти поголема веројатност да се заразат отколку оние кои немале такви проблеми.

Влијание врз централниот нервен систем

Невролозите, кои не беа вклучени во оваа студија, велат дека резултатите само потврдуваат дека КОВИД-19 може да влијае на мозокот и умот, зголемувајќи го опсегот на психијатриски заболувања.

„Ова веројатно се должи на комбинацијата на психолошко влијание на пандемијата и физичките последици од болеста“, рече Мајкл Блумфилд, консултант психијатар на Универзитетот во Лондон.

Симон Весели од Кралскиот универзитет во Лондон вели дека луѓето со одредени ментални нарушувања се изложени на поголем ризик да добијат корона вирус.

“Ковид-19 влијае на централниот нервен систем и може да предизвика нарушувања. Но, ова истражување потврдува дека ова не е целата приказна и дека ризикот е зголемен со претходните состојби на умот”, рече тој.

Преземено од: http://balkans.aljazeera.net/