Петиција детската болница „Козле“ да се преименува во Трајче Нешковски – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 2:55 PM

Петиција детската болница „Козле“ да се преименува во Трајче Нешковски

На социјалните мрежи се споделува петиција во која се бара детската болница „Козле“ да се применува во Трајче Нешковски, младиот лекар пулмолог кој го почина неодамна.

„Како Здружение на лекари специјализанти чувстуваме потреба за покренување на иницијатива пред раководните и одговорни органи во државата за преименување на детската болница „Козле“ во чест на нашиот колега Д-р Трајче Нешковски“, стои на почетокот на оваа петиција.

Подолу во петицијата стои дека со овој чекор тие сакаат да ја подигнат свеста за неговото дело, големина, заложби и пожртвуваност да помогне на луѓето, но и на целиот здравствен систем.

„Сведоци сме на особеното ангажирање на Трајче Нешковски, од самиот почеток кога беше активно вклучен во работата на Ковид 19 центарот во Детската болница „Козле“ што дотолку повеќе ја потенцираше неговата величина и го отсликува неговиот карактер и душа. Како негови колеги чувстуваме одговорност и потреба постхумно да направиме напори пред општеството да ја издигнеме големината на Трајче – како благороден и хуман човек, здравствен херој, неговото дело да биде етаблирано и признаено, како во лекарската фела, така и во општетсвото. Да се обидеме неговото дело вечно да остане запаметено меѓу нас, предавајќи го неговото наследство на идните генерации“, стои во петицијата.

Инаку неодамна општина Гостивар, поведе иницијатива за добивање постхумно признание „почесен граѓанин“ како жител на општината.