EХФ пресече: Македонија нема на СП, Чиле ја добива вајлд-картата – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 2:16 PM

EХФ пресече: Македонија нема на СП, Чиле ја добива вајлд-картата

Пандемијата на коронавирусот принудно го одложи квалификациониот турнир кој требаше да го донесе последниот претставник на јужноамериканскиот и централноамериканскиот континент помеѓу Чиле, Парагвај, Ел Салвадор и Колумбија.

Македонската ракометна репрезентација тука ја гледаше својата шанса за Светското првенство и можноста за настап, но од Меѓународната ракометна федерација пресекоа – сепак Чиле како најдобро рангирана селекција на континентот после Бразил, Аргентина и Уругвај ја доби вајлд-картата.

Шансите за настап на македонската ракометна репрезентација на Светско првенство остануваат и се детерминирани од надворешни и неракометни фактори, односно доколку некоја од селекциите го откаже својот настап поради проблеми со коронавирусот и отсуства на ракометари.