Зголемо полициско присуство во Куманово, граѓаните реагираат, МВР смирува – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 1:33 PM

Зголемо полициско присуство во Куманово, граѓаните реагираат, МВР смирува

Граѓани реагираат на зголемено полициско присуство, од МВР велат редовни полициски активности Полицијата извршува редовни активности, велат од Министерството за внатрешни работи, за ММС, откако поголем број граѓани од утринава реагираа дека има зголемено полициско присуство околу градскиот пазар и локалитетот Гарнизон.

Шпекулациите на граѓаните одеа од наводни пријави за бомби, како и дека утринава биле забележани полициски службеници со кучиња трагачи. Сепак, од МВР смируваат, полицијата презема редовни активности и нема место за паника.

Никола Ивановски