Филипче: Вакцина за Ковид 19 би можеле да набавиме на почетокот на следната година преку КОВАКС механизмот – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 12:57 PM

Филипче: Вакцина за Ковид 19 би можеле да набавиме на почетокот на следната година преку КОВАКС механизмот

Нашата земја ќе ја набави вакцината за Ковид 19 преку механизмот КОВАКС, доколку динамиката продолжи како и досега, министерот за здравство Венко Филипче вели дека би можеле да ја имаме на почетокот од следната година, односно во месеците јануари или февруари.

„И втората компанија аплицираше да добие дозвола за употреба во Европската агенција за лекови, вообичаено тоа е процедура која трае неколку месеци, кога ќе завршат сите клинички фази на испитувањето почнува административната процедура, се надевам дека ќе дадат одобрување по таа т.н ургентна постапка и дека некаде до Нова година ќе добијат дозвола и двете вакцини да бидат дистрибуирани, ние ги очекуваме преку „Ковакс“ механизмот.
Ковакс механизмо значи дека секој еден производител, а овие две компании се дел од тој механизам како ќе ја добијат дозволата за употреба, таму ги даваат дозите и тие еднакво се распределуваат на сите земји кои што учествуваат во тој механизам. Секоја следна компанија која што влегува во тој механизам ги дава на располагање и своите дози на вакцини“, изјави Филипче на новинарско прашање, тој додаде дека ние како држава сме потпишале договор, Владата дала согласност и обезбеден е буџет.

Тој информираше дека имаме и две други понуди една од Полска, преку полскиот амбасадор и друга преку премиерот Мицотакис, кој на последниот состанок со премиерот Заев, на „Тесалоники Самит“ покажал добра волја и нашата земја да биде дел од нивната количина, а набавка која како земја членка на ЕУ  ќе ја има Грција е обезбедена со директен договор со компанијата.

Г.Д