Од денеска во сите вакцинални пунктови во Здравствените домови започна вакцинацијата со бесплатната вакцина за сите ризични групи, ова е трета година по ред како се обезбедува соодветна количина за ризична група на граѓани над 60 години, трудници, здравствени работници, деца до 5 години, рече министерот за здравство, Венко Филипче при посетата на вакциналниот пункт Здравствен дом „Јане Сандански“.
Набавени се 60.000 вакцини за сезонски грип, 40.000 набавени од Министертсвото за здравство, а 20.000 донација. Пикот за сезонски грип се очекува во јануари и затоа уште од сега ќе се вакцинира за сезонски грип, вели Филипче.
„Денеска вакцината е дистрибуирана во здравствените домови во Велес, Неготино и Кавадарци, а од утре и во сите здравствени домови ширум државата, а закажувањето е преку ситемот „Мој термин““, изјави Филипче.
Г.Д