Министерот за здравство при денешната посета на пунктот за вакцинација за сезонски грип во Здравствениот дом „Јане Сандански“ изјави дека дневно се тестираат од 300 до 500 пацинети, има слободни сместувачки капацитети. За сега не се размислува за воведување на карантин за време на викендот. Во однос на бројките кои имаме на заболени во другите градови, засега рече Филипче остануваат овие мерки кои се на сила, а ситуацијата ќе се следи и доколку има потреба ќе се воведе и карантин во одредени градови, но засега како што рече министерот нема потреба.
Новата мерка за забрана на групирање на повеќе од четири лица, министерот за здравство Филипче вели дека се однесува повеќе на градските паркови, каде овој викенд бевме сведоци на групирање.
Во однос на шпекулациите дека за викендот кој следи ќе биде воведен полициски час, Филипче рече дека засега нема потреба од таква мерка и дека веќе постоечките мерки се доволни, како и дополнителната рестрикција која вчера беше донесена на седница на Влада. Министерот се надева дека доколку се почитува мерката ќе даде резултати.
Смртноста вели Филипче голема насекаде во регионот, огромен број на смртни случаи има и во соседните земји и додаде дека за секој пациент се прави се што треба. За хроничните пациенти вели тој има механизам да останат дома, секој што има хронична болест може со потврда од специјалист да остане на домашно лекување.
Г.Д


