Русите распоредуваат мировни сили во Нагорно Карабах – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 11:38 AM

Русите распоредуваат мировни сили во Нагорно Карабах

Руските мировни сили се на пат кон Нагорно Карабах за да се распоредат во согласност со договорот постигнат меѓу Азербејџан и Ерменија, објавуваат денеска руските медиуми.

Ќе се распореди руски мировен контингент составен од 1.960 војници, 90 оклопни возила, 380 други возила и специјална опрема, јавува руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

Мировниците се испраќаат со авиони Ил-76 од аеродромот во Улјановск. Пред малку полетал и десеттиот авион со руски мировници.

Рускиот претседател, Владимир Путин, утринава објави дека Азербејџан и Ерменија потпишале договор за ставање крај на конфликтот во регионот на Нагорно Карабах.