Време: Денес сончево со максимални +20, сончево и стабилно и до крајот на неделава – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/20 7:04 AM

Време: Денес сончево со максимални +20, сончево и стабилно и до крајот на неделава

Сончево со мала локална облачност, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Максималната температура до 20 степени.

И до крајот на неделава, според УХМР, ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.