Австралијанецот, Ник Вуичиќ и’ стана познат на јавноста по своите мотивациски говори, со кои нагласува дека физичките недостатоци никогаш не му биле пречка да ги оствари своите соништа. Тој има ретка болест поради која е роден без раце и само со едно стопало, но успеал да посети многу земји, одржал стотина предавања, завршил факултет, напишал две книги, се оженил и станал татко.
Во животот имате два избора: да бидете огорчени или да бидете подобри. Одберете да бидете подобри, а не полоши. Никогаш не сум сретнал огорчена личност која била среќна. Ниту среќна личност која била огорчена.
Благодарен сум што сум жив, иако мислев дека мојот живот никогаш нема да биде вреден за живеење. Никогаш не знаеш што се’ може Бог да направи со твоите скршени делови додека не му ги предадеш.
Што мислите дека треба да изберам: да бидам лут на Бог поради она што го немам или да му бидам благодарен за она што го имам? На моите семинари луѓето ми зборуваат како баш тие не можат. Зборуваат дека се престари, премлади, предебели, преслаби, имаат премногу дипломи, недоволно дипломи, немаат пари, време…Секогаш имаат изговори за нешто што не можат. Да се разбереме, и јас бев таков. Работите се променија од оној момент кога почнав да барам начин како можам нешто да сторам, наместо да наоѓам изговори.
Некои луѓе наместо да преземат одговорност, попрво би ги обвиниле сите други околу себе за она што им се случува. Ако животот ви додели погрешна карта и ви ги расипе плановите, можете за тоа да ги обвинувате Бог, родителите, но тоа нема воопшто да ви помогне. Единствениот начин да завладеете со променетите околности е да ја следите својата патека.
Во што е поентата да се биде празен одвнатре? Запаметете – акцијата предизвикува реакција. Кога сте во искушение да ги напуштите своите соништа, натерајте се себеси да се обидете само уште еден дн, една недела, уште еден месец или една година. Бидете изненадени со она што се случува кога константно одбивате да се откажете.
Предизвиците постојат за да не’ направат појаки, а не за да не’ прегазат.
Ако постојано се сеќавате на вашите рани, со тоа му давате моќ и контрола на оној кој ве повредил.
Можеби немам раце со кои би можел да ги држам рацете на својата жена, но за да го држам нејзиното срце, не ми требаат раце. Нејзиното срце е она што сакам да го држам.
Стравот е поголем хендикеп отколку да немаш раце и нозе.
Синдромот „би бил среќен кога би го имал тоа и тоа“ е масовна лага. Ако ја барате среќата во материјалните работи, никогаш нема да ја имате доволно. Прво погледнете околу себе, па потоа и одвнатре.
Извор: zenskikutak.rs