Бајден го состави тимот кој ќе го планира понатамошното справување со ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/20 8:23 PM

Бајден го состави тимот кој ќе го планира понатамошното справување со ковид-19

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден ги одреди членовите на работната група, која ќе треба да создаде план за борба против пандемијата со коронавирусот. Меѓу членовите на работната група се истакнува експертт за вакцини, Рик Брајт, кој поднесе пријава во која наведува дека е преместен на помалку важно работно место бидејќи се спротивставил на политичкиот притисок да се овозможи широка употреба на хидроксихлорокинот, лек за маларија кој претседателот Трамп го промовираше како лек за лечење од ковид-19. Меѓу останатите членови се доктори и научници, кои работеле во претходните администраии, вклучувајќи експерти за јавно здравство, вакцини и заразни болести.

Бајден изјави дека соочувањето со пандемијата е една од најважните битки со која ќе се соочи неговата администрација.

Службениците за јавно здравје предупредија дека нацијата влегува во најлошиот период од пандемијата, бидејќи како што се наближува сезоната на празници така се зголемува ризикот од брзиот пренос на вирусот, ако се знае дека Американците тогаш многу патуваат, купуваат и слават со своите најблиски.

Во САД во моментот на дневно ниво се регистираат повеќе од сто илјади нови случаи на заразени. Во болниците во неколку држави веќе нема доволно простор и кадар, а бројот на починати од последиците расте. Досега  во САД се регистрирани повеќе од 9,8 милиони случаи на заразени и повеќе од 237 илјади смртни случаи како последица на ковид-19.

 

 

Фото:  Ројтерс

Извор:    vijesti.me