До крајот на годинава, Србија ќе ги добие првите дози вакцина пртив коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/20 7:54 PM

До крајот на годинава, Србија ќе ги добие првите дози вакцина пртив коронавирусот

Србија до крајот на годината ќе ги добие првите дози од американско-германската вакцина против коронавирусот. Се работи за вакцината на компаниите Фајзер од Америка и Бионтек од Германија, чија ефикасност во клиничките испитувања денес е потврдена на дури 90 проценти.

До март идната година, на Србија би требало да и’ бидат испорачани 350 000 дози од оваа вакцина. Секако, предусловот е вакцината да добие официјално одобрување и сертификат за употреба од американските регулаторни тела, а потоа и од домашните институции.

Србија е меѓу првите држави кои потпишаа преддоговор со производителот Фајзер Бионтек за испорака на вакцина против ковид, а јавноста за тоа ја извести претседателот, Александар Вучиќ.

Тoј тогаш потврди дека не било лесно да се вбројат во земјите кои ќе бидат меѓу првите што ќе добијат вакцина против ковид, а според неговите зборови, првите дози ќе бидат наменети за најзагрозените, меѓу кои и лекарите. Светoт денес сo голема еуфорија ја дочека веста дека со клиничките тестирања е потврдена ефикасноста на американск-германската вакцина на 90 проценти.

 

Извор:   informer.rs