Дејвид Гета, еден од најголемите музичари и продуценти во историјата на електронската музика, викендов беше прогласен за најдобар диџеј во светот.
Највлијателната глобална листа на главни актери на електронската сцена е формирана со скоро 1,3 милиони гласови на читатели на списанието ДЈ Маг, а Гета го освои првото место за последен пат во 2011 година, објави тимот на фестивалот Егзит.
„Навистина е неверојатно, мислам дека се чувствувам посреќно од првиот пат“, рече Гета.
Истиот викенд беше објавена алтернативната листа на ДЈ Маг на Топ-100 диџеи, со Борис Брејча и Нина Кравиќ на 6-то и 7-то место. Главната топ-листа на ова списание ги носи 100-те најзначајни и највлијателни диџеи и продуценти на електронска музика, а второто и третото место ги освоија Димитри Вегас & Лајк Мајк и Мартин Гарикс.
Преземено од: https://www.b92.net/