ВИДЕО: Пандев, Елмас и Алиоски пристигнаа во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/20 5:04 PM

ВИДЕО: Пандев, Елмас и Алиоски пристигнаа во Скопје

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, заедно со Елиф Елмас од Наполи и Џани Алиоски од Лидс, пристигна во Скопје и ќе биде дел од финалето во плејофот на Лигата на Нациите против Грузија во четврток.

Со оглед на пандемиската ситуација во Италија, некои клубови решија да не им дозволат на одредени фудбалери да играат за своите репрезентации, па затоа настапите на Елмас и Пандев за Македонија во историскиот дуел беа доведени до прашање.

Сепак, Џенова и Наполи „попуштија“ и двајцата фудбалери ќе ја предводат селекцијата во последните 90 минути до Европското првенство во фудбал следната година.