Кучињата Чамп и Мајор на новиот американски претседател Бјаден, добија профил на Твитер
Победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД не му донесе промена само нему и на првата дама, туку и неговите кучиња миленици.
🐾 We’re so proud of our dad @JoeBiden, the first ever presidential candidate to receive 75 million votes. But Major will be setting a record of his own as he’s the first ever rescue pupper to live in the WH. We’re gonna play all day & receive countless treats! #DOTUS #FirstDogs pic.twitter.com/o1Hsr7nZ8e
— Champ & Major Biden 🇺🇸 (@First_Dogs_USA) November 9, 2020
Во неделата неговите миленици, германскиоте овчари Чамп и Мајор добиле профил на Твитер.
„Ние сме првите кучиња во Америка, Чамп и Мајор Бајден. Може да не викате #DOTUS. Сакаме слатки, мазење и со нетрпение чекаме да ја истражиме Белата куќа“, стои во описот на првата објава.
Од досегашните објави јасно е дека кучињата и досега живееле „живот достоен на претседател“. За помалку од два дена собрале околу 78.000 фанови.
🐾 Hello America! Hello world! It’s us, Champ and Major. We are the Bidens’ family puppers and First Dogs Elect(s) of USA. We want to thank you all for your suppawrt by sharing our pawsidential adventures here! Woof! Woof! 🐶🇺🇸🐕 pic.twitter.com/J46aiXKVFW
— Champ & Major Biden 🇺🇸 (@First_Dogs_USA) November 8, 2020
Добиле и бројни честитки на нивниот нов профил.
Потсетуваме, животните во Белата куќа се враќаат после четири години бидејќи поранешниот претседател Доналд Трамп не сакал животни.
Внуците на Бајден го донеле дванаесегодишниот Чамп и на семејството се приклучил во 2008 година, додека Маjор е помладиот кој е вдомен пред две години и тој е првото вдомено куче кое влегува во Белата куќа.
Преземено од:http://hr.n1info.com/