Захариева: Нашите услови не се сменети повеќе години, мене ме чуди дека тоа изгледа како нешто ново за вас – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/20 2:49 PM

Захариева: Нашите услови не се сменети повеќе години, мене ме чуди дека тоа изгледа како нешто ново за вас

На новинарско прашање дали Бугарија цврсто стои на ставот дека ќе ја блокирате Македонија во декември ако не се исполнат нивните барања и  дали се спремни како држава да го носите товарот од останатите земји членки на ЕУ за јакнење на странски влијанија во регионо, министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во рамките на Берлинскиот процес истакна дека нивните услови не се сменети повеќе години.

„Мене ме чуди дека тоа изгледа дека е нешто ново за вас. Да ќе ја носиме нашата одговорност, ние сме навикнати да носиме одговорност, но многу би сакала и колегите во Скопје да ја имаат нивната одговорност да ја носат. Ние имаме германско претседателство во моментот, и Германија е една од земјите основачи, не се многу такви треба тоа да го потцртам кои го поддржуваат проширувањето, и посебно за земјите од Западен Балкан мислам дека е шанса кои не треба да ја пропуштат. Ние од пред еден месец се обидуваме да водиме интензивни преговори, јас повеќе слушам што не треба да се направи, а не што ќе се направи. Советот беше одложен за после една недела, можеби поинтезивно Скопје  може да го користи ова време. Да потенцирам нешто, Бугарија се огласи во месец март, Скопје и Тирана да ги започнат преговорите оваа одлука во преамбулата има многу јасни услови, а тоа исполнување на билатералните договори, добрососедството и хоризонтален критериум, тоа е со цел кога ќе седнеме на една маса во ЕУ да нема отворени прашања меѓу државите членки. Берлинскиот процес има три приоритети, тој е создаден со цел зближување на земјите од Западен Балкан, полесна интеграција кон ервопските норми и правила, економска поврзаност и добрососедството е вториот и третиот безбедноста. Јас сум убедена дека не само за Бугарија, добрососедските односи се хоризонатален критериум и тие се  многу важен критериум“, рече Захариева во рамките на Берлинскиот процес.

Г.Д