Ивановска: Со Деловникот се уредува начинот на постапување на предметите на уставните судии, а не посебен надоместок – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/20 2:03 PM

Ивановска: Со Деловникот се уредува начинот на постапување на предметите на уставните судии, а не посебен надоместок

Претседателката на Државната Комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска на денешната прес конференција одговори на новинарско прашање, кое се однесување на надоместоците на уставните судии кои сами ги гласаа.

„Факт е дека треба закон за работење на Уставниот суд, факт е дека Уставниот суд работи според Деловник од 1991 или 1992  година, факт е и дека неодамна при крајот на месец октомври Уставниот суд го променил Деловникот земајќи одредби од законот за судовите и додал уште една одредба со која што се дефинираат овие права. Но факт е и дека во уставот стои дека со Деловникот на Уставниот суд се уредува начинот и постапувањето на Уставниот суд, прашање е дали вакви одредби треба да бидат дел од тој Деловник. Со Деловникот се уредува начинот на постапувањето со нивните предмети, а не се уредуваат правата како овие за посебен додаток. Кога ќе се соберат сите овие факти и аргументи, не може нешто да се уредува со Деловник, што треба да биде уредено со закон“, вели Ивановска.

Судите сами одлучија да го изменат Деловникот, и преку член 10-а, покрај правото на плата и други надоместоци да имаат и додатоци за посебни услови за работа, за постоење на висок ризик и доерливост, кој надоместот е 35% од основната плата на судијата.

Г.Д