Сето она што како оптоварување го донесуваат превентивните мерки за заштита од коронавирусот, се заборава покрај море, на плажа, велеа вчера храбрите што ја искористја сончевата ноемвриска недела со температура на воздухот од 19 степени за капење и сончање на црногорското приморје, во Херцег Нови.
Она што е поинаку во однос на летото се уредените плажи, немањето метеж, чистото море, што е задоволство плус за капачите.
Во Херцег Нови овој викенд престојувале 1.400 гости, за 45 отсто помалку во однос на истиот викенд лани, пренесува „Новости“.


