Во привремената болница за Ковид-19 во белградскиот спортски храм „Арена“ се сместени 409 пациенти, а оваа болница може да прими уште 101 пациент, изјави координаторот на Арената, Вадо Батножиќ, јавува „Анадолија“.
Според неговите зборови, вчера се примени 31 пациент кај кои се работи за потешка клиничка слика.
„Најмладиот пациент има 17, најстариот 86 години, а околу 250 болни лица се на кислородна терапија“, прецизираше Батножиќ за телевизија „Пинк“.
Досега од последиците на Ковид-19 починаа 890 лица, а вкупно се регистрирани 62.747 случаи на заразување, покажуваат последните официјални податоци.