Меѓу злосторствата од воените судири при распадот на СФРЈ имаше и многу врз објекти од историското и културното наследство. Меѓу нив е и уривањето на познатиот Стар мост во Мостар, Босна и Херцеговина, кое се случи на денешен ден пред 27 години.
Падна откако истрпе илјада проектили истрелани од позициите на ХВО, а Хашкиот суд донесе одлука со која Стариот мост е прогласен за легитимна воена цел, па за неговото уривање не одговараше никој, пишува сараевско “Ослобоџење“.
Во 2004 година, на местото на стариот беше направен нов мост.
„Мостот е мост, а дали ќе не’ обединува е работа на нашите глави. Тие што го сакаа оној мост, ќе го сакаат и овој. Оние, пак, што не го сакаа оној мост, нема да го сакаат ни овој“, рече во 2004 година, на отворањето на новиот мост, легендарен скокач на познатите скокови од мостарскот мост.