Дваесет и шестгодишен црногорски државјанин е осуден на казна затвор од 30 дена, а ќе мора да плати 120.000 динари парична казна, ама и во следните девет месеци ќе остане без возачка дозвола, бидејќи на автопатот Белград – Нови Сад бил фатен како управува со автомобил со брзина од 239 километри на час, соопштило Министерството за внатрешни работи на Србија, а пренесуваат српски медиуми.
Максималната пропишана брзина на таа делница од автопатот била „само“ 130 километри на час.


