Поранешни професионални војници ќе бидат вклучени во справувањето со пандемијата, најави Шекеринска – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/20 11:26 AM

Поранешни професионални војници ќе бидат вклучени во справувањето со пандемијата, најави Шекеринска

Армијата ќе помага за земјата да се справи со пандемијата, како што и најави претседателот Стево Пендаровкси на последниот сосотанок на Кризниот штаб. Денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, истакна дека поддршката ќе биде од страна на пораншени професионални војници како и користење на дел од санитарните возила на Армијата.

„Согласно одлуката на претседателот, Армијата има различни задачи да обезбедува медицинска поддршка со медицински сили и тоа го прави во тек на цела криза. Воено медицинскиот центар отстапува еден дел од својот состав, персонал за земање брисеви, епидемиолошки анализи. Поддршка во други иституции во делот на транспорт и складирање на медицински материјал, но не и директно обезбедување. И денеска разговаравме дека диркетното обезбедување, со редарска служба најверојатно ќе го организираме со еден дел од поранешните професионални војници кои се уште работат во Министертсвото за одбрана и тие ќе бидат во првата линија на поддршка. Тое се разабира нема да бидат ниту униформирани, ниту вооружани, но ќе обезбедат малку повеќе ред и информации за граѓаните. Дополнително на денешната седница на главниот штаб се согласивме дека одреден дел на санитетски возила со возачи од страна на Армијата ќе бидат отстапени, на некои болници и на Клиниките во Скопје“, рече Шекеринска при денешниот убвид на новопробиената северна траса до „Криволак“.

Г.Д