Кремаљ ги отфрли како невистинити тврдењата на британските медиуми [to пишуваа дека е нарушено здравјето на рускиот претседател Владимир Путин.
Британските медиуми напишаа дека Путин наводно има Паркинсонова болест и дека наскоро ќе поднесе оставка поради лошата здравствена состојба.
Тие се повикуваа на изјавата на рускиот политички експерт Валери Соловјов, кој за едно московско радио изјави дека Путин е принуден да се повлече од позицијата претседател на Русија поради влошената здравствена состојба.
Кремљ тврди дека оваа информација е невистинита.
„Тоа е апсолутна глупост. Сè е во ред со претседателот“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од Ројтерс.
На прашањето дали Путин планира да се повлече, Песков одговори кратко:
„Не.“