Иџе не ја заврши втората трка во Монца, го оштети автомобилот во петиот круг – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/20 9:34 PM

Иџе не ја заврши втората трка во Монца, го оштети автомобилот во петиот круг

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе остана без поени на втората трка која се возеше во Монца во ТЦР шампионатот.Иџе извозе само пет кругови по што го оштети својот автомобил и мораше да се откаже од трката.
Викендот во Монца, Иџе нема да го памети по добро бидејќи во вчерашната трка заработи казна од стјуардите и на крајот заврши на 14. позиција. Победник на денешната трка беше Џонатан Џакон, а место на подиумот обезбедија уште и Ерик Брилјадори и Салваторе Тавано.
Последните две трки од годинешниот шампионат ТЦР Италија ќе се возат меѓу 20 и 22 ноември на патеката Имола.

слободенпечат.мк