Откриен е тајниот код и протокол во случај на смрт на кралицата Елизабета Втора – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/20 2:21 PM

Откриен е тајниот код и протокол во случај на смрт на кралицата Елизабета Втора

Иако кралицата Елизабета е во одлична здравствена состојба за своите 94 години и редовно се појавува во јавноста, таа владее цели 68 години, па нејзината смрт е нешто што мора да се испланира. Неодамна бил откриен протокол кој би се активирал по смртта на кралицата, кој е внимателно подготвен. Планирано е кој прв ќе ја пренесе веста, колку ќе трае погребот, како и што ќе се случи со Велика Британија после тоа.

Колку и да звучи морбидно, смртта мора да се испланира – особено ако сте глава на најпознатото кралско семејство во светот. Извештаи за таен протокол, како и внимателно дизајнирана постапка во случај на смрт на кралицата Елизабета Втора, излегоа во британската јавност пред неколку години.

Според „24сата.хр“, до овие податоци наводно дошле крадци на лаптопи, поточно поранешниот секретар на Бакингемската палата.

Официјалниот став во врска со смртта на кралицата е да не се спомнуваат зборовите кралица и смрт во иста реченица. Веднаш штом ќе пристигне веста за смртта, британските власти ќе го користат тајниот код „Лондонскиот мост падна“ (London Bridge is down), за да ги информираат сите што треба да ги знаат овие информации, но не и да ја вознемируваат јавноста.

Тој код ќе започне цела низа настани и процедури за тоа како вестите ќе бидат соопштени до јавноста. Бидејќи кралицата е сè уште неверојатно популарна, а судот имаше можност да види масовна реакција на смртта на член на семејство по смртта на принцезата Дајана, се очекува овој настан да предизвика уште поголема тага од трагедијата во 1997 година.

Кралицата не е само кралица на Обединетото Кралство, туку е и кралица на уште 16 други земји, така што милиони луѓе ширум светот се очекува да тагуваат со денови.

Првите вести, секако, ќе бидат објавени од самата палата, а после тоа веднаш ќе бидат емитувани на Би-Би-Си, прекинувајќи ја целата претходна програма. После гафот направен во 2002 година, кога водителот на Би-Би-Си, Питер Сисон, ja објави смртта на мајката на кралицата во црвена вратоврска, на сите презентери им беа дадени црни вратоврски за да им бидат при рака.

Експертите претпоставуваат дека погребот ќе биде организиран околу 12 дена, а кралицата ќе има државен погреб чии трошоци ќе ги сноси целата монархија. Додека над 2,5 милијарди луѓе го гледаа погребот на принцезата Дијана, се претпоставува дека оној на кралицата ќе го гледаат уште повеќе од нив.

Прашањето за наследството не е целосно јасно, односно решено. Иако следниот во редот за наследување е принцот Чарлс (71), многумина шпекулираат дека неговиот син, многу попопуларниот Вилијам (38), ќе ја наследи круната. Ова ќе ја прескокне директната линија на наследство, а извори блиски до палатата откриваат дека нема шанси тоа да се случи.

стандард.мк