10 филмови од 2018 година кои можеби сте пропуштиле да ги гледате – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/18 10:47 AM

10 филмови од 2018 година кои можеби сте пропуштиле да ги гледате

Ова е одлична година за љубителите на филмови, бидејќи се појавија бројни филмски остварувања кои веднаш ја освоија публиката.

Имавме одлични блокбастери, уште подобри хорори, но и многу филмови кои се појавија на бројните стриминг сервиси.

Никогаш не било потешко да се проследи се што навистина вреди, но затоа ќе се обидеме да ви помогнеме да го погледнете и најдоброто од она што можеби сте го испуштиле.

1. „The World is Yours“

Во изобилството од филмови за големи грабежи, веќе полека се губиме, бидејќи грабежите станаа помалку истрошен тренд, кој веќе е тешко да се гледа. Но, ако сакате да погледнете уште еден филм на оваа тема, тогаш вистински избор ќе направите со „The World is Yours“.

2. „Thoroughbreds“

Оние кои пораснаа во осумдесеттите години од минатиот век, веројатно ја паметат одличната црна комедија „Heathers“, која до ден денеска не се симна од тронот, како најдобар филм за средношколци. „Thoroughbreds“ веројатно исто така нема да го симне од тронот споменатиот филм, но би можел да стане еден вид на „Heathers“ за новите генерации.

3. „Puzzle“

Дејството следи незадоволна средновековна жена, која обожава да решава загатки. Иако на прв момент можеби ќе ви се чини дека ова не е нешто што би ве привлекло, сепак ќе погрешите ако не му дадете шанса на овој филм. Точно е дека се работи за римејк на аргентински филм од 2010 година, но станува збор за квалитетен римејк.

4. „The Strangers: Prey at night“

Ако ви недостигаат класичните хорор приказни, тогаш време е да го погледнете продолжението на веќе одлично прифатениот „The Strangers“. Чекавме дури десет години на продолжение, но чекањето се исплатеше. Иако е всушност филм кој егзистира во истиот универзум како и претходниот, тоа не го менува фактот дека треба да го погледнете, дури и ако не сте го гледале првиот дел.

5. „Tully“

Во овој филм станува збор за измачена мајка, која добива помошничка, а која е многу повеќе од она што таа очекуваше. Ако сакате добри драми, тогаш овој филм е вистински избор за вас.

6. „The cage fighter“

Обично драмите за боксери, кечери или MMA борци се трагични приказни, кои раскажуваат за животот на одреден спортист. И овој филм е нешто слично, станува збор за инспиративна приказна за борба против неколку непремостливи пречки.

7. „Who are we now“

Станува збор за драма, поврзана за мајка која после служење на десетгодишна затворска казна излегува на слобода и тргнува во борба за старателство над својот син. Се работи за интересна животна приказна, која нема да ги разочара вашите очекувања.

8. „Holiday“

Филмот на данската режисерка и сценаристка, Изабел Еклоф, ја воодушеви публиката на неколку филмски фестивали. Иако има брутални сцени со силување, сепак овој филм носи своја тежина.

9. „Sunday’s Illness“

Во овој филм, каде станува збор за една мајка, која се сретнува со ќерката која ја напуштила, во исто време е емотивна драма, но и психолошки трилер, околу проблемите кои ваквиот однос може да ги предизвика.

10. „En El Septimo Dia“

Станува збор за филм, кој ја следи приказната за мексикански доселеник, кој работи во Бруклин и паралелно се обидува да се помири со досадната работа која му обезбедува егзистенција, како и страста која ја претставува фудбалскиот клуб, со кој се обидува да го освои првенството.

 

Превземено од: Кајгана