Двајцата албански државјани кои вчера полицијата ги приведе заради поседување наркотици, од денес се во притвор. Мерката им ја изрече судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар.
На Џ. С. (21) и, А. М. (19) им е определена мерка притвор од 30 денови, поради сомнение дека сториле кривично дело трговија со наркотици.
Од полицијата информира дека вчера полициски службеници во Гостивар на улицата “Боге Велјаноски” при контрола, во ранец што го носел еден од осомничените, нашле два килограми марихуана. Првин од слобода го лишиле од слобода Џ. С. а подоцна и М.А.(19), кој при контролата физички нападнал еден од полицајците и се дал во бегство. Во потрагата во која соработувале СВР Тетово и СВР Охрид М. А. е лишена од слибида, а дополнително била пронајдена уште една полиетиленска ќеса со марихуана.
з. г. м.