Славите да се прослават само со најблиските и да нема групирања по домовите, апелира Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/20 1:00 PM

Славите да се прослават само со најблиските и да нема групирања по домовите, апелира Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче апелира славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските и  да нема групирања по домовите  за да сеспречи натамошно ширење на заразата со Ковид-19.

Во објава на Фејсбук укажува дека следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на Ковид-19 и  поради тоа е потребна наша максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски.

-Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас, напиша Филипче на ФБ.