Штип го одбележа денот на ослободувањето – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/20 12:51 PM

Штип го одбележа денот на ослободувањето

Елена Голомеова, оперска певица,     Проф д-р Трајче Стојанов, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“,   Инфективно одделение при Клиничка болница Штип и Територијална противпожарна единица Штип, се добитниците на овогодишните,,Осмоноемвриски признанија“, кои што на денешната Свечена онлајн седница на Советот им ги додела в.д градоначалникот Јане Миланов.

„Упатувајќи им честитка за признанијата од мое и од име на граѓаните на Општина Штип би сакал да им посакам натамошен успех во нивната работа како и нивна натамошна лична и институционална афирмација.

За крај би сакал на сите граѓанина општина Штип да им го честитам овој голем празник, да им посакам добро здравје и секако уште еднаш да упатам апел доследно да ги почитувани препораките и мерките за заштита од вирусот Ковид 19.

Воедно упатувам честитки по повод верскиот празник Свети Димитрија.Нека е честит 8 ноември, да сме живи и здрави,“ истакна в.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов.

Делегација од Општина Штип и Совет на Општина Штип, предводени од в.д. Градоначалникот и претседателката на Совет положија цвеќе по подов Денот на ослободувањето на Штип.