Во трката за градоначалник на Штип со мандат до октомври 2021 година влегуваат влегуваат пет кандидати- независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија .
Најголемо изненадување за штипјани е кандидатурата на Интегра-Македонска конзервативна партија, која за свој кандидат го избра Симон Поликарп, познат на штипјани како Џими, кој е роден во Нигерија, а во Штип дојде да студира, каде што веќе неколку децении живее и работи.
Нигеријац Сајмон Поликарп, во 2008 година беше носител на изборната листа на Третата Изборна единица на партијата ТМРО.
Џини живее во Штип, оженет е со Македонка и има две деца. Во Македонија е познат и по својата хуманитарна работа а особено по документарната емисија во која зборуваше за решавање на ,,македонското прашање“ со ангажирање на специјализирани лоби-агенции
Рокот за доставување на кандидатури беше до вчера на полноќ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште вчера по седницата на Извршниот комитет објави дека нема да учествува на овие избори и да делегира свој кандидат. Тие бараат да се одложат изборите, бидејќи здравјето на граѓаните во моментов им е важно.