Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/20 11:32 AM

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на ковид-19

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски информира дека е позитивен на ковид-19. Тој вели дека и покрај тоа што ги почитувал мерките добив позитивен тест на новиот коронавирус.

„И покрај сите препорачани мерки од надлежните здравствени институции за заштита и превенција од корона вирусот, каде доследно ги почитував и во целост ги применував, после денешниот тест за ковид 19, сум позитивен. Од вечерва ќе бидам во изолација и сите службени обврски и работни активности ќе ги извршувам од домашни услови“, напиша Стојановски на Фејсбук.

Тој упати апел до граѓаните да останат дисциплинирани и совесни, со цел искоренување на пандемијата.