Развод долг седум години: Шварценегер и Марија Шрајвер и понатаму се во брак – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/18 10:37 AM

Развод долг седум години: Шварценегер и Марија Шрајвер и понатаму се во брак

Иако сопругата на славниот актер Арнолд Шварценегер (70), новинарката Марија Шрајвер (62), поднесе барање за развод на бракот пред полни седум години, парот се уште не е официјално разведен.

Марија побара развод на 1 мај 2011 година, кога дозна дека Арнолд има дете со нивната куќна помошничка.

Арнолд и Марија имаат четири деца: 28-годишна писателка Кетрин, продуцентката Кристина (26) и двајца синови, актерите Патрик (24) и Кристофер (20), кои беа малолетни кога нивната мајка предаде барање за развод на бракот.

Актерот и новинарката набргу се договорија дека ќе имаат заедничко старателство над нив, пренесува порталот „TMZ“.

Шварценегер со куќната помошничка од Гватемала, Милдред Патриција Бин (56), има син Џозеф Бин. (20).

Актерот минатата година изјави дека се кае поради тоа што ја изневерил сопругата, признавајќи дека тоа било голема грешка, како и дека жали поради тоа што со вонбрачна врска ја повредил Марија.

Арнолд и Марија се венчаа во 1986 година, а во текот на бракот стекнаа имот во вредност од 400 милиони долари.

Немаа предбрачен договор и затоа целиот имот би требало да се подели на два дела, но пријателите на Шварценегер велат дека тој не брза со завршувањето на разводот.

Превземено од: Кајгана