Пастата за заби како средство за домаќинство: Што се’ може да исчистите со неа? – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/20 10:46 PM

Пастата за заби како средство за домаќинство: Што се’ може да исчистите со неа?

Пастата за заби вообичаено се користи за поубава насмевка, но малкумина знаат дека таа може да се употреби и за отстранување на дамки. Всушност, пастата може да ја користите и за други цели, на пример за полирање сребро. Ставете малку паста на каков било предмет или накит од сребро и добро истријте со мека крпа. Потоа измијте го со вода, избришете со сува крпа и среброто ќе блеска.

Пастата ефикасно ги отстранува и дамките од тепихот. Доколку истурите кафе или каква било друга течност на подот, дамката ќе може набрзина да ја исчистите. Едноставно, ставете малку паста на влажна крпа и истријте го тепихот.

Гумата на патиките ќе биде како нова ако ја исчистите со стара четка за заби на која претходно сте нанеле паста.

Дамките на мебелот од дрво лесно се отстрануваат со помош на обична крпа и паста без никакво оштетување.

Чешмата ќе биде како нова ако ја истриете со паста и потоа избришете со крпа.

Екранот на телефонот може лесно да се изгребе ако нема заштитна фолија. Доколку дојде до тоа, земете нежна ткаенина, ставете малку паста и избришете го екранот.

 

Извор:    republika.rs