Не требаше да ја почнам кариерата од Босна, јас сум од Србија: Дино Мерлин ја советувал Емина да се откаже од пеењето – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/20 10:16 PM

Не требаше да ја почнам кариерата од Босна, јас сум од Србија: Дино Мерлин ја советувал Емина да се откаже од пеењето

Пејачката, Емина Јаховиќ одлучи да проговори за своите музички почетоци, но се потсети и на соработката со Дино Мерлин, а откри и кој и’ ги финансирал првите песни.

Кога почнував, околу себе имав луѓе кои не веруваа. Брат ми Мирсад ми го финансираше првиот албум – изјави Јаховиќ.

„Мојот брат е многу конзервативен. Тој сакаше да избегнам некои валкани работи на естрадата. Отиде кај Мерлин и се договори со него да работиме заедно. Дин Мерлин сакаше да ме одврати од тоа, ми рече дека работата со пеењето не е за мене. Јас знаев дека таа работа за мене. Мое беше да го прифатам или да го одбијам советот“, додаде таа.

Почнав од Сараево, не знам ни зошто. Не требаше. Многу ја сакам Босна, но јас не сум од Босна, туку од Србија. Почнав од таму бидејќи Дино работеше на тој албум. Тој албум беше тотало вонвременски, но не беше сфатен како што треба, беше 50 години пред времето. Тие песни не поминаа добро, ништо не се случи. Сите ми велеа „зарем не ти рековме, тоа се само потрошени пари“. Тогаш уште повеќе настојував да успеам – истакнува Емина за Гламур.

 

Фото:    Kasina By Community

Извор:  blic.rs