И Пендаровки му честиташе на Бајден: Очекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/20 9:49 PM

И Пендаровки му честиташе на Бајден: Очекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи

Претседателот, Стево Пендаровски ја честиташе победата на Џо Бајден за претседател на САД, како и на потпреседателката Камала Харис.

-Честитки за Џо Бајден и Камала Харис за изборната победа! Очекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи, а САД да ја реафирмира својата глобална улога во зачувувањето на заедничките вредности: мирот, безбедноста и демократијата – напиша претседателот Пендаровски на својот Фејсбук профил.