Полицијата приведе прилепчанец кој бил баран со потерница – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/20 9:39 PM

Полицијата приведе прилепчанец кој бил баран со потерница

Полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка- Оддел за потраги и ПС Прилеп денеска во 17:30 часот во населбата Варош во Прилеп го приведоа  дваесет и петгодишниот А.Т. кој се барал по потерница од Основен суд Прилеп за издржување две казни затвор од 11 месеци и 9 месеци –  соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изречените казни се во врска чл.386 (насилство) и чл.383 (напад на овластено службено лице) од Кривичниот законик на РСМ.

Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.