Поранешниот амбасадор во САД, преговарач за името и вицепремиер за евроинтеграции, професорот на УКИМ Васко Наумовски коментирајќи ги изборите во Америка вели дека комплицираниот изборен модел и гласовите по пошта ќе го одложат прогласувањето на победникот.
– Можно е да гледаме натамошни немири на улиците , никој не можеше тоа да претпостави во најдемократската држава во светот. Но еве кандидатот на демократите Џо Бајден во обраќањето на јавноста се воздржа од прогласување на победа и повика на трпение смиреност и обединување на нацијата. Трамп очигледно нема намера да признае и да честита победа и да се откаже така лесно, ќе бара пребројување во неколку држави каде што има пресврт и ќе поведе правна битка за докажување на како што вели измамата и на неговата победа.