Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи упати честитка до новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.
Честитки за новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис! Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла, напиша Заев.


