Ја молел пет пати пред да му каже да – Која е Џил Бајден, првата дама на САД? – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/20 7:45 PM

Ја молел пет пати пред да му каже да – Која е Џил Бајден, првата дама на САД?

Очите на светот сега се насочени кон Џил Бајден, сопругата на Џо Бајден и новата прва дама на Америка. Што треба да знаете за професорката од Универзитетот во Вирџинија?

Џил Бајден е родена во 1951 година во Њу  Џерси, како најстара од петте сестри.  Таа порасна во предградијата на Филаделфија, а пред да се омажи за Бајден (77) во 1977 година,  беше во брак со Бил Стивенсон, кој е познат во јавноста како поранешен универзитетски фудбалер, од 1970 до 1975 година.

Таа откри дека нејзиниот сопруг ја молел пет пати пред да му каже „да“, пишува “Evening standard”. И на Твитер, таа го опиша нивниот прв телефонски разговор што се случил во 1975 година. „Како го доби овој број?“, го праша кога и се јавил и ја изненадил.

Што за себе вели г-ѓа Бајден? Џил, која ја започнала својата кариера како наставник, рече дека е доживотен предавач.

„Предавањето не е тоа што јас го работам, тоа сум јас“, напиша таа на Твитер пред конвенцијата на Демократската партија, како дел од претседателската кампања.

Џил Бајден има две магистерски дипломи и докторат, кои ги бранела во 2007 година на Универзитетот во Делавер.

Една е од најважните политички советници на нејзиниот сопруг и, се разбира, негов советник при донесување лични одлуки. Таа беше скептична во врска со неговата кандидатура за претседателските избори во 1988 година, но го поддржа во изборната трка во 2008 година. Таа беше прва сопруга на потпретседател на Америка, која продолжи со платена работа. Нејзината намера е да не се откаже од својата професорска работа доколку стане прва дама. На овој начин  може да ја модернизира оваа улога.

Во една прилика изјави дека никој не очекувал дека ќе ја задржи работата откако нејзиниот сопруг ја презеде функцијата потпретседател и дека осум години била растргната меѓу обврските на факултетот и во политиката.

„Вечери со најмоќниот човек на планетата и предавања на самохрани мајки“, опишала како изгледа нејзиниот живот.

Присуствуваше и  спортски настани како што се “Invictur games” во 2017 година во Торонто, кога заедно со нејзиниот сопруг се сретнаа со принцот Хари, кој е организатор на овој настан.

Џил Бајден и поранешната прва дама Мишел Обама ја основаа иницијативата “Joining Forces”, која им помага на воените ветерани и нивните семејства. Пред осум години, таа ја објави книгата „Не заборавај, Господ нека ги благослови нашите војници“ заснована врз искуството на нејзината внука која порасна во воено семејство.

Првата сопруга на Џо Бајден, Нилија Хантер, со која се оженил во 1966 година, почина во сообраќајна несреќа во 1972 година, во која загина нивната едногодишна ќерка Наоми. Во првиот брак, политичарот добил и два сина, Хантер и Бо, кои биле сериозно повредени во несреќата.

Најстариот, Џозеф Бо Бајден, почина во 2015 година од рак на мозок.  Џо и Џил вчера го посетиле неговиот гроб.

Парот Бајден ја има ќерката Ешли Бајден.

Извор: mondo.rs