Време е да се обединиме и излечиме- Прво обраќање на Џо Бајден по објавата дека е новиот претседател на Сад – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/20 7:07 PM

Време е да се обединиме и излечиме- Прво обраќање на Џо Бајден по објавата дека е новиот претседател на Сад

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави  Џо Бајден издаде изјава во која му се заблагодарува на американскиот народ за поддршката.

„Почестен сум од довербата што американскиот народ ја даде на мене и потпретседателот Камали Харис“, рече Бајден и додаде:

„Соочени со невидени пречки, рекорден број Американци гласаа, докажувајќи уште еднаш дека демократијата чука длабоко во срцето на Америка“.

Повторувајќи ги темите на неговата кампања, Бајден ги повика Американците да се обединат во ова време на криза.

„Бидејќи кампањата е завршена, време е да го оставиме гневот и острата реторика зад себе и да се обединиме како нација“, рече Бајден.

„Време е Америка да се обедини. И излечи. Ние сме САД. И ништо не можеме да сториме ако тоа не го сториме заедно “, заклучи тој.

Си-Ен-Ен и АП вечерва го објавија Џо Бајден за нов претседател на САД, откако објавија дека освоил изборни гласови во Пенсилванија.

Извор:radiosarajevo.ba

Фото: dw.com