Трамп: Бајден брза лажно да се претстави како победник – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/20 6:51 PM

Трамп: Бајден брза лажно да се претстави како победник

Доналд Трамп не покажува знаци на отстапки, откако  Џо Бајден беше прогласен за победник на претседателските избори во Америка.

– Сите знаеме зошто  Бајден брза лажно да се претстави како победник и зошто неговите медиумски сојузници толку многу се обидуваат да му помогнат: тие не сакаат да се открие вистината. Едноставен факт е дека овие избори сè уште не се завршени – рече Трамп.

Сепак, факт е дека овие избори завршија. Конечните гласови ќе продолжат да се бројат во десетици земји, но во овој момент нема начин Трамп да се врати во претседателската трка.

„Од понеделник, нашата кампања ќе започне со обработка на нашиот случај пред суд за да се осигури дека законите за избори се почитуваат целосно и легитимниот победник ќе седне“, рече Трамп.

Бајден ја освои Песнилванија и со тоа доби 20 изборни гласови, што е победник на изборите во Америка, пренесуваат странските медиуми.

Извор: srbijadanas.com