На 06.11.2020 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Клиника за пулмологија бил нарушен јавниот јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Т.С.(47) и А.Р.(21).
Исто така, во 13.10 часот А.Р.(46) од Скопје пријави дека околу 12.45 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Клиника за пулмологија, по вербална расправија со вработен во клиниката, била физички нападната од него.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, сочинети се записници за констатиран прекршок по чл. 11 од ЗППЈРМ и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.