Бесими:Идната недела се очекува исплатата од Викенд без ДДВ – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/20 2:03 PM

Бесими:Идната недела се очекува исплатата од Викенд без ДДВ

Во рамки на мерките за финансиска поддршка за граѓаните, министерот за економија Фатмир Бесими кажа дека се и мерката за финансиска поддршка од 6.000 денари на ранливите категории на граѓани, за која е веќе изработен законот и е поминат на Влада, а се очекува веќе следниот месец граѓаните да можат да ги користат средствата. За мерката Викенд без ДДВ, министерот посочи дека мерката е спроведена, а исплатите треба да започнат од следната недела.

Во рамки на мерките за даночни ослободувања и ослободувања од давачки кои ги спроведува Министерството за финансии, Бесими посочи дека е намалувањето на ДДВ од 18 проценти на 5 отсто, намалување на стапката на ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалоци, можноста за плаќање по ДДВ пријава најдоцна 5 дена по поднесување на истата, а не истиот ден – сите овие мерки се регулирани со предлог законот за изменување на законот за ДДВ, кој веќе е поминат на Влада и е во собраниска процедура. Истите треба да стапат на сила од 1 јануари 2021, додека продолжувањето на рокот за плаќање на ДДВ стапува на сила по донесување на законот

– Понатаму, во рамки на даночните олеснувања е и мерката за одложено плаќање на аконтациите за данок на добивка и данок на личен доход за самостојните вршители на дејност. Измените на овие закони се веќе поминати во Влада и се влезени во собраниска процедура и се очекува во текот на овој месец да се донесат. Со овие закони се регулирани и други мерки, како: зголемување на прагот со кој субјектите би биле дел од режимот на неоданочување со данок на добивка, ослободување од данок на добивка и данок на личен доход за трошоци за вработени кои се однесуваат на доквалификација, признавање на трошокот за дополнително приватно здравствено осигурување на вработените за целите на данокот на добивка и неоданочување со данокот на личен доход, признавање на расходите за тестирање од од КОВИД 19 како признаен расход и зголемување на периодот за покривање на загуби на товар на идни добивки. Преполовена е и казнената камата за јавни давачки до март  2021 година, рече Бесими.

Во однос на мерките кои носат системски решенија за финансиска оддржливост и дигитализација од страна на Министерството за финансии, Бесими ги посочи воведувањето на платформа за е-фактура, системско решение кое ќе се спроведува во тек на 2021, но е важна од аспект на поддршка на дигиталните плаќања. Втора е промената на пресметката на основата за финансирање на Единиците на локалната самоуправа, со којашто при издвојување средства за единиците на локалната самоуправа, наместо само за претходната година како досега, предвид ќе биде земена пресметката на просечната наплата на ДДВ за претходните три години.ѓ

 

МИА