Босанец избегал од затвор за да се смирува со сопругата, оставил и писмо до управата – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/20 8:24 AM

Босанец избегал од затвор за да се смирува со сопругата, оставил и писмо до управата

Триесет и осумгодишниот Едис Зукиќ од селото Кереп кај Градачац, Босна и Херцеговина, во четвртокот за време на вечерата во затворот избегал од Казнено-поправниот дом во Орашје, пренесува “Дневни аваз“.

– Бегството на затвореникот беше пријавено кај нас во 17.40 часот. Веднаш отидовме во потрага и ја информиравме целата околна полиција. Откривме дека му помогнал друг затвореник, Ведран К. (27) од Горњи Сребреник, – соопштија од полицијата.

Како што се наведува, Зукиќ го прескокнал ѕидот со помош на неговиот цимер, кој го подигнал.

– Се’ може да се види на видео надзор. Тој избега додека траеше вечерата, наведуваат извори од затворот.

Зукиќ бил примерен осуденик, а бил принуден да избега поради семејни проблеми.

– Остави писмо во кое објасни се’. Тој се извини на затворската администрација и рече дека кога ќе ги реши своите проблеми, тој сам ќе се врати во затвор – велат од затворот.

Неофицијално, неговата сопруга го посетила минатата сабота, а потоа му рекла дека повеќе не сака да биде во брак за него. Потоа се подготвил и избегал од затворот за да ги расчисти семејните проблеми со неговата сопруга.

Зукиќ бил во затвор шест месеци, а има уште 18 месеци за издржување. Бил осуден за кражба.