Протести и судири со полицијата во Солун поради тринеделното „заклучување“ – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/20 8:12 AM

Протести и судири со полицијата во Солун поради тринеделното „заклучување“

Мерките за „заклучување“ на Грција за да се спречи ширењето на коронавирусот предизвикаа бес кај граѓаните и протест во Солун, на кој избија судири со полицијата. Демонстрантите синоќа фрлаа шишиња кон полицајците, а тие возвратија со солзавец, чадни бомби и со апсења, пренесуваат грчки медиуми.

Премиерот Мицотакис завчера објави дека владата одлучила да воведе тринеделно „заклучување“ на национално ниво од 6 часот на 7 ноември.

Освен аптеките, здравствените установи, селективните трговски објекти, градинките, училиштата и специјалните училишта, сè друго ќе биде затворено.

Градинките и основните училишта ќе останат отворени за време на карантинот, кој ќе трае до 30 ноември. Средните училишта и универзитетите ќе одржуваат наставу преку Интернет.