Време: Следува период на стабилно време со постепен благ пад на температурите – ММС
ММС

Објавено на: 11/7/20 8:04 AM

Време: Следува период на стабилно време со постепен благ пад на температурите

Сончево со мала до умерена облачност, наутро со слаба магла понекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 19 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Следува период на стабилно и суво време со пониски утрински и со постепен благ пад на дневните температури. Од утре ќе има услови и за претпладневна магла по одделни котлини бидејќи ќе биде ипретежно тивко наутро.