Лекот аспирин кој меѓу другото се користи за спречување тромбоза, ќе биде тестиран како можен лек против коронавирус во едно од најголемите испитувања во Велика Британија.
Научниците кои работат на тестирање на потенцијални лекови за коронавирус соопштија дека ќе го вклучат овој лек, кој најчесто се користи како разредувач на крв. Овој предлог уследи откако беше потврдена заканата од згрутчување на крвта кај коронарна срцева болест како резултат на хипер-реактивни тромбоцити, тромбоцити важни за запирање на крварењето. А, аспиринот има антитромботично дејство и може да го намали ризикот од згрутчување на крвта.
„Постојат јасни причини во прилог на тезата дека аспиринот може да биде корисен, а покрај тоа е безбеден, ефтин и широко достапен“, рече Питер Хорби, учесник во истражувањето.
Најмалку 2000 случајно избрани пациенти треба да примаат 150 мг аспирин дневно со вообичаен режим, пишува Ројтерс.
Податоците за опоравувањето на овие пациенти ќе се споредат со податоците на најмалку 2000 други пациенти кои ќе добијат друга стандардна терапија за COVID-19.
Другите терапии што се тестираат, вклучуваат обичен антибиотик азитромицин и коктел со антитела Регенерон, кој се користи за лекување на симптоми на коронавирус, како сегашниот американски претседател Доналд Трамп.
Извор: rtcg.me


