Да помине короната па свадба – Се свршија пејачката Зои Блаж и ракометарот Тадеј Матијашиќ – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/20 8:16 PM

Да помине короната па свадба – Се свршија пејачката Зои Блаж и ракометарот Тадеј Матијашиќ

„Кажав- да на човекот кој што ме прави да се чуствувам посебна, кажав- да на среќата, кажав- да на љубовта , кажав- да на еден нов живот во кои ќе има само убавини .Те сакам највеќе на цел свет„. Вака рече пејачката Зои Блаж, кој се сврши со поранешниот ракометар на „Металург“,  Словенецот, Тадеј Матијашиќ.   Оваа врска веќе одамна изгледаше дека вака ќе заврши само се чекаше моментот, кога тој ќе ја побара нејзината рака.  И се случи, денес во германскиот град  Зул, каде што Тадеј игра ракомет. По осум месеци Зои замина кај него, бидејќи поради  осум месеци беа разделени. Зои веќе два и пол месеци е кај него, за неколку дена се враќа во Скопје со прстен.

-Леле пресреќни сме, измешани ни се чувствата. Како се чувствувам? И тој ме праша како се чувствувам. Среќна сум што љубовта ни се скраси на ваков начин. Ова е доказ дека љубов на далечина постои и короната не можеше да не раздели. Осум месеци не се имавме видено. Последнава година се ни е по патиштата и секако дека не како кога сте заедно. А како се случи? Се шетавме  низ град и кога влеговме во кола ми ги подаде работите што ги купивме и ми вика: „Нешто да не ти недостасува?“  Кога  го прашав  што ми го извади прстенот и ми рече: „Ќе ми бидеш ли жена?“. И со прстенот ми го подари моето омилено чоколадо.  Како ќе биде понатаму не знаеме. Сега е најважно прво да се среди короната, па потоа ќе видиме што ќе правиме. Свадба нема да има за брзо време затоа што во оваа ситуација  најважно е да сме живи и здрави,  рече возбудено Зои за ммс.

Тадеј исто така е пресреќен што љубовта со Зои ја круниса со прстен.

– Пресреќен сум. Се чувствувам исто како на некој натпревар, под адреналин. Возбудено. Прстен секако планирав да купам, но се мислев кој ден да го дадам.  И се случи денес.  Знам дека ќе биде тешко понатаму ако продолжи вака,  но како што сме издржале до сега ќе издржиме и понатаму, нема предавање.  Љубовта за мене нема цена , рече Тадеј за ммс.

Зои и Тадеј се заедно  четири и пол години.  Тука во Скопје додека беше Тадеј живееја заедно, редовно ја посетуваа неговата родна  Словенија и сега живеат на релација Македонија- Германија.