Сообраќајна незгода во близина на Штип – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/20 6:52 PM

Сообраќајна незгода во близина на Штип

Сообраќајна незгода тукушто се случи кај штипското село Лакавица – истакнуваат за ММС очевидци на инцидентот, а информацијата ја потврдуваат и од СВР Штип.

Во незгодата учествувале три возила и според неофицијалните информации, нема жртви.

Полицијата прави увид на местото на настанот – информира  за ММС, портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.